вестиТоп вести

Интервју од Александра Кулевска – Раководител на експозитури и виш соработник на Сектор земјоделие во СН Брокер

 

Комерцијален текст- СН Осигурителен брокер АД Битола

  1. Сн осигурителен брокер е лидер во осигурувањето во државата, но приматот го држи токму во земјоделските осигурувања…како успевате да функционирате транспарентно а сепак доминантно?

Нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва, а тоа се должи на нашата активна вклученост во донесувањето на законски мерки и начинот на обесштетување на земјоделците, како и нивно целосно информирање. Фунционираме одлично бидејќи секогаш сме на страната на земјоделците, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најбитно е што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на штета.

  1. Како брокерско друштво, раширени сте низ целата држава…

-Да, речиси низ целата држава, имаме вкупно 26 експозитури стационирани во 18 градови во државата, кои функционираат одлично. Како брокерско друштво, нудиме доверба и квалитет, присутни сме на сите земјоделски настани, па така земјоделците постојано имаат директна комуникација со нашиот тим.



  1. Сезоната наскоро започнува…Кои поволности им ги нудите на Вашите клиенти?

Веќе сме подготвени за сезоната за оваа година. Поволностите што ги нудиме се големи, од заинтересираниот клиент очекуваме само повик и единствено што треба е да ни даде согласност да го застапуваме ние. Секако потребна е и потврдата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а потоа се е во нашите сигурни раце.

  1. Од кои опасности ги осигурате земјоделските посеви и плодови?

Најчесто е основното земјоделско осигурување каде се опфатени ризиците удар од град, гром и пожар, меѓутоа не можеме да не го спомнеме и дополнителното осигурување каде се опфатени и пролетен мраз, поплава и луња.

  1. Вие сте лидери во регионот, посебно за осигурување кај добитокот. Од кои опасности ги осигурате животните?

Осигурувањето на добиток е нешто што не прави посебни и чекор понапред од сите останати. Ние сите знаеме дека домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците. И покрај големата грижа, животните може да се разболат, да се повредат, па дури и да угинат. Тоа значи дополнителен, непланиран трошок. Затоа препорачуваме да се направи осигурителна полиса во случај на незгода или болест. Конкретно, кај нас, животните може да се осигураат од следните опасности: смрт на добиток, од било каква несреќа, принудно колење, повреда, болест или инфекција.

  1. Зошто треба осигурениците да изберат брокер?

ОСИГУРИТЕЛНИТЕ БРОКЕРИ се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро и соодветно осигурување, особено кога нивните посеви се во крајно ризични региони, во кои осигурителните компании избегнуваат соработка за да се заштитат од таков ризик! Со нас добиваат дополнителна, двојна заштита, комплетно објаснување, без документи со „ситни букви“. Добиваат пријатели, добиваат партнери во работата.

  1. Во однос на плаќањето, 60% од полисата покрива МЗШВ. Останатите 40% како може да се платат? Какви олеснувања имате за своите клиенти?

– За поздравување е таа финансиска поддршка од МЗШВ од 60% од вредноста на полисата, која многу им значи на сите земјоделци. За остатокот, односно 40% од износот на осигуреникот, од вкупната премија, нудиме големо олеснување, со тоа што овозможуваме плаќање  на 12 рати без камата.

  1. Климатските промени земаат се поголем замав… Земјоделците работат во “фабрика на отворено” и без осигуран род, може да имаат огромни штети. Кои се вашите совети и препораки?
    Нашите совети и препораки се секој земјоделец да не размислува и да ги искористи поволностите што ги дава државата за нив. 60% од вкупната премија на полисата за осигурување воопшто не се за подценување, токму затоа осигурувањето на посевите и плодовите односно осигурувањето на целогодишниот труд, треба да постане навика. Земјоделецот не смее да си дозволи неговиот приход да зависи од временските прилики, во време кога климатските промени секоја година се се поизразени. ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот.
  2. Кои се вашите планови за оваа година?

– Најпрво сакаме да потенцираме дека минатата, 2019 година, ја сметаме за многу успешна година, бидејќи довербата ни ја дадоа 816 земјоделци, кои беа заштитетни со соодветна полиса за осигурување.

Нашите планови за оваа година е да заштитиме што повеќе земјоделци од целата држава. Ќе делуваме советодавно, на терен меѓу земјоделците, за сите прашања и недоразбирања, нудиме достапност 24/7 за сите наши ценети клиенти.  Најбитно ни е, земјоделците да имаат доверба во нас, а ние и понатаму ќе се трудиме да останеме на лидерската позиција во државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close