Најновиот пакет за Приватно здравствено осигурување достапен за секого!

(Oвој напис е објавен на: May 8, 2019)

ЗБ: СН Осигурителен брокер АД Битола е една од компаниите за кои може да се каже дека e насочена секогаш  за задоволување на интересите на вашите клиенти од секоја област. Со земјоделците и сточарите во Македонија веќе е докажана позитивно врската која  постои со Вашата компанија. Најновиот пакет за приватно здравствено осигурување го имате токму Вие. Може ли нешто подетално ?

Х.Цветкоска: Најпрво Ви благодарам на убавите зборови. Да, во целост точно ја претставивте  нашата фирма на која ете во моментов јас сум претставник. Денес сме тука да позборуваме околу SN Eurohealth. Toa e најновиот пакет за приватно здравствено осигурување со ултра достапна ценa. Притоа, пакетот нуди покритие на трошоците за лечење во било која приватна здравствена установа на територија на Македонија за лабораториски анализи, специјалистички постапки, магнетна резонанца, трошоци за гинеколошки прегледи, породување, стоматолошки и офтамолошки услуги, операции како кила, слепо црево, жолчка итн. Нашата цел беше да поставиме нови стандарди во осигурувањето: да добиеме нешто квалитетно, за  како што кажав, навистина достапна цена.

 

ЗБ: Тоа е супер пакет. Морам да признаам дека звучи одлично. Како е досега заинтересираноста за ваков тип на осигурување? Сепак, не станува збор за некое задолжително осигурување од типот на автоодговорност.

Х.Цветкоска: Можеби формално не е задолжително, меѓутоа заинтересираноста и кругот на клиенти кој го остваривме за толку краток период покажува нешто сосема друго. Некогаш не е потребно нешто да биде наведено како задолжително. Самиот начин на живот и праксата покажува дека границите може  да бидат несвесно поместени. Секако има луѓе кои го одбиле ова приватно здравствено осигурување, но тој процент можам слободно да кажам дека е тотално незначаен и не ни прави никаква разлика. Процентот на заинтересирани е драстично поголем. Секој би сакал да има достапност до приватните здравствени установи, а ние го овозможуваме тоа.

 

ЗБ: Која би била придобивката од тоа едно лице да е вака осигурано?Што значи тоа за земјоделците и сточарите ?

Х.Цветкоска: За  едно лице  да е осигуреник кај нас треба да е само дел од ФЗОМ, а за да сме дел од ФЗОМ не секој  мора да е пријавен со редовен работен однос. Така е и случајот со земјоделците, сточарите, музичарите итн. Чест ми е да кажам дека сега можност за покритие за лечењето во приватните здравствени установи со прифатливата цена од 515 денари е апсолутно за секого!

 

ЗБ: Како оди процесот при настанување на некоја штета?

Х.Цветкоска: Одлично прашање! Кога ќе настане некаков осигуран случај на пример преглед за настинка, стоматолошка услуга итн. Она што  е потребно од страна на клиентот е да ни ја достави медицинската документација заедно со фискалните сметки. Во рок од 14 дена од целосно доставена медицинска документација се рефундираат средствата на нивната трансакциска сметка.

 

ЗБ: Што би им посакала на читателите на „Зелена берза“?

Х.Цветкоска: За крај би ги повикала сите  да ја искористат оваа можност да дадат ексклузивна здравствена заштита на нивното семејство. Ова е прекрасна опција која е направена достапна за секој кој сака  да добие квалитетни здравствени услуги во најдобрите болници како „Плодност“, „Систина“, „Промедика“,„Ремедика“ за цена од само 515 денари месечно. Ве очекуваме на 078 418 397 / [email protected]

З.Б