fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Времето денес облачно со сончеви периоди

Денеска времето во Македонија ќе биде  променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец, а во  западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и суво време, освен во петок и  сабота кога ќе има услови за слаб локален дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Максималните дневни температури ќе бележат пад за неколку степени и ќе се движат во интервалот од 12 до 20 степени.

Слични написи

Back to top button
Close