вести

Инвестираат милијарди долари во Јужен Судан, за да го претворат во извозник на кафе

Најголемиот бренд за кафе машини тип “single-serve” (за еден човек) Nespresso ќе почне да продава капсули кои содржат кафе од Јужен Судан.

cof1

Со овој потег компанијата се обидува да помогне во обновата на индустријата која речиси исчезна за време на втората граѓанска војна во африканската земја, која траеше со децении.

Nespresso, која е дел од Nestle SA, ќе инвестира околу 2,6 милијарди долари во Јужен Судан до крајот на 2016 година. За прв пат од четиригодишната историја земјата ќе почне да извезува кафе, според извршниот директор на компанијата Жан-Марк Дјовозин, пренесе Bloomberg.

investiraat milijardi vo juzhen sudan za da go pretvorat izvoznik na kafe

 

Капсулите кои ќе се нудат во ограничени количини, ќе бидат во продажба во октомври во Франција.

Источноафриканската држава се обидува да заврши скоро двегодишна војна при која загинале десетици илјади луѓе и принудиле околу 2 милиони други да избегаат од своите домови.

Јужен Судан извојува независност од Судан во 2011 година по граѓанската војна, која траела 21 години.

339654_3

Компанијата Nespresso работеше со организацијата TechnoServe, за да создаде мелници и да ги обучи фармерите во земјата. Компанијата работи со околу 500 земјоделци и планира да го зголеми нивниот број до неколку илјади во следната деценија.

Се очекува економијата на Јужен Судан да се намали за 7,5% оваа година, откако беше зголемена за 31 отсто во минатата година, според Африканската банка за развој. Околу 99,8% од вкупниот извоз на земјата е нафтата.

coffee_02

Проектот на Nespresso се наоѓа во југозападниот дел на земјата, која не е засегната од конфликтот.

Јужен Судан има огромен земјоделски потенцијал, најмногу во кафе индустријата, според Барт Стемет, економист во NKC African Economics.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close