ИО на тутунари-Протести ќе има се додека не се исполнат сите наши барања
Тутунопроизводителите велат дека на средбата закажана за денеска нападне во Прилеп ќе му кажат на министерот дека за почеток ќе бараат исполнување на сите барања наведени од ИО, но дека потоа ќе се разгледуваат и други потточки, што ќе значат подобрување на условите на македонските тутунопроизводители.
Протестите ќе продолжат се додека не се исполнат сите наши барања, порачаат тутунопроизводителите од ИО на тутунари од групата „Македонски тутунари“ пред средбата со министерот за земјоделие Арјанит Хоџа. Тутунопроизводителите велат дека на средбата закажана за денеска нападне во Прилеп ќе му кажат на министерот дека за почеток ќе бараат исполнување на сите барања наведени од ИО, но дека потоа ќе се разгледуваат и други потточки, што ќе значат подобрување на условите на македонските тутунопроизводители.
-Засега на средбата ќе бидеме 13 челнови на ИО, но има простор и за други членови, нема да запреме со протестите се додека не се исполнат едно по едно сите наши барања, велат од ИО за „Зелена берза“.
Иницијативната група бара –
1.Да се откупат сите количини на тутун произведени од страна на сите тутунопроизводители без оглед на количините кои се по договор со откупните претпријатија, поточно да се откупи и количината која ја надминува килажата на договорите.
2.Загарантирана минимална цена од 200 денари по килограм, додека пак просечната да не биде пониска од просечната цена од претходната година која изнесуваше 220 денари.
3.Одбитоците при откуп на тутунот да не надминуваат во просек од 5% земено како просек од сите класи.
4.Да не се врши проценка на тутунот врз база на неколку листови со полош квалитет во пакетот во однос на содржината на целиот пакет.
5.Смена на тутунските здруженија, а воедно и на сојузот на здруженија застапувано од Г-дин Менде Стомнароски кои очигледно ја изгубија довербата кај членството, а воедно и тутунарите.
Вчера министерот Хоџа порача дека улогата на МЗШВ е да ја следи целата ситуација и да не дозволи тутунопроизводителите да бидат оштетени во целиот овој процес, додека во однос на цената на тутунот ова е регулирано прашање засновано врз пазарната економија и како министерство не може да влијае кон приватните компании околу цената на тутунот, но нивна обврска како откупна компанија е да го истакнат ценовникот на јавно место, и производителите на тутун да се известат за цената.
Од буџетот за субвенции доделени од МЗШВ, околу 30% се наменети за тутунот како приоритетен производ за државата, додека субвенционирањето се врши во оваа форма:
-Прва класа – 80 ден / кг
-Втора класа – 70 ден / кг
-Сите други класи – 60 ден / кг
На државно ниво, договорени за откуп се 23 милиони килограми тутун, додека досега се откупени околу 300.000 кг (или околу 1,5% од вкупната количина).
Просечната продажна цена, односно откупна цена на тутун е околу 165 ден / кг, но со оглед на тоа што од искуство вообичаено е во првите денови на откупот на тутун, производителите доставуваат тутун со послаб квалитет, па во наредниот период се очекува просечната цена да се зголеми, напиша министерот Хоџа на ФБ.
Состанок со Иницијативниот одбор на незадоволните производители на тутун од Прилеп ќе се одржи денес (вторник) во 12 часот во зградата на Општина Прилеп.