fbpx
ВестиМеханизација

 IRTEM    производител на висококвалитетни сеалки

 

Брендот IRTEM со својата палета на производи се повеќе ги освојува пазарите во светски рамки. Синпекс Битола сакајќи да им помогне на своите комитенти – земјоделци го донесе вој бренд и на македонскиот пазар.

Фабриката   İRTEM е основана во 1967 година во Хејраболу, се со цел  да ги задоволи барањата на земјоделците и да им  понуди решенија на нивните потреби.

IRTEM  е првиот производител на пневматски прецизни засадувачи во Турција.

После ова отвора втора фабрика  за производство на  различни видови земјоделски машини кои имаат висока економска вредност.

Во 2012 година IRTEM отвора  трета фабрика во Хејраболу .

 

Во 2017 година  во палетата на производи  додава три нови машини:

  • Хоинг машина со извори
  • Пневматски сеалки
  • Машина за сеча на сусам

Она што го прави брендот  İRTEM посебен  од другите, е квалитетот на кој се пристапува со внимание.

Одделот  за развој секогаш ги следи секторските иновации и бара  решенија  и машини   што се полесни за користење, а кои може да ги задоволат  барањата на  клиентите. Целта е   зголемување на  приносот по хектар со  намалување на  трошоците на земјоделците.

Резултатот од 50 годишното искуство во овој бизнис е извоз во 48 земји во целиот свет.

Од широката палета на производи ги издвојуваме сеалките: Пневматска и Универзална сеалка.

 

 

Пневматската  (вакумска)  сеалка  најчесто се користи за пченка, сончоглед, соја и останати крупни зрна.Машина каде естетиката е подеднакво важна колку и нејзината функција.

Се карактеризира со одличен дизајн и со одлични перформанси на сеење. Има 22 различни опции за сеење со што овозможува  сеење на различни сорти на семиња и со различна големина.

Сеалката има софистицирана опрема што се прилагодува на самиот терен на кој што се врши сеидба.

 

 

Универзалната сеалка – најчесто се користи за пченица, јачмен и останати ситни зрна.

Универзалните семенски машини  се модерни машини за сење  кои се способни за прецизно сење. Може да ги сее сите житни семиња како пченица, јачмен, овес и ‘рж , но истот така е успешна  и  со поголеми семиња  како пченка, соја, грашок, наут, леќа. Благодарение на нејзината   преносна  опрема, може да сее мали семиња како што се канола, детелина, кромид, морков, домат, и спанаќ. Прецизноста е нејзината најголема предност.

Генерален застапник и дистрибутер на оваа опрема за Р Македонија е Синпекс Битола, компанија со долгогодишно искуство и успева да излезе во пресрет на барањата на сите земјоделци.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close