fbpx
ВестиТоп вести

На 9 јуни на Светскиот пикник проба и за љубителите на британската гастрономија

Велика Британија, земја на убави дворци и палати, симболот на Биг-бен, Пикадилис, црвените „даблдекер” автобуси и традиционалниот кариран килт, синонимот за кралство кое ги шири европските вредности на другите континенти. Земја која по многу работи се разликува од остатокот на европскиот континент, вклучително и по својата гастрономија.

Сите љубители на британската кујна ќе имаат можност да ги вкусат автентичните „fish and chips“ и лимон торта на Светскиот пикник кој ќе се одржи на 9 јуни со почеток од 12 часот во Градскиот парк во Скопје. Штандот на Велика Британија  ќе биде претставен од страна на Комфи Ангел, компанија која на домашниот пазар е присутна од 2004 година чија основна дејност е производство и продажба на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови постелнина, како и компанијата АрцелорМиттал Скопје, еден од најголемите производители на челични производи на Балканот која на домашниот пазар е присутна од 2006 година.

Компаниите членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, инспирирани од традицијата и културата на земјата од каде што потекнуваат, во насока на реализирање на мисијата за општествена одговорност, пред 4 години за првпат го организираа Светскиот пикник. Преку традиционалната храна, проследена со музика и детско катче за најмалите гости компаниите членки на Советот на странски инвеститори имаат за цел да ги унапредат своите врски со земјата во која делуваат и работат. Сите средства кои ќе бидат собрани од продажба на билети ќе бидат донирани за хуманитарни цели.


 

mkd.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close