Со редуцирање на обработката се постигнуваат подобри резултати во зачувувањето на биолошките, хемиските и физичките својства на земјиштето. Тоа се чува за идните генерации, што е истовремено и императив на новите земјоделски практики во Европската Унија.
На нашите простори орањето се смета како основна операција за профитабилно земјоделско производство. Во многу земји орањето претставува нужно зло, односно закана на стабилноста на производство на храна за идните генерации.
Со години земјиштето се експлоатира за зголемено производство на храна. Со Зелената револуција количините на произведена храна ја надминаа потребата за храна, па во западна Европа се појави проблемот наречен „планина од храна“. За Зелена Револуција се смета употребата на минерални ѓубрива, селектирани семиња, пестициди и модерна механизација. Непотребните количини на храна придонесоа за поставување на квоти за различните видови на земјоделски производи со цел контрола на производството во границите на државата, односно Унијата. Со отворањето на границите, прифаќањето на нови членки, излезот на глобален пазар, урбанизацијата, потребата за храна се зголеми. Се почесто се употребува терминот „агробизнис“ кој опфаќа цел ланец, од достава на земјоделски ставки, преку примарни производители, преработувачи, трговци, законски регулативи, па до крајниот потрошувач. Со агробизнисот, пазарот на прехрамбени производи се стабилизира во повеќето земји. Денес, храната е достапна за сите. Како основна задача, експертите од агробизнисот имаат обврска да го зачуваат одржливото и стабилно производство на храна за идните генерации.
Одржливото производство на храна во најголем број на случаи се темели на земједолското земјиште. Затоа денеска се посветува внимание на земјиштето повеќе од било кога претходно. Истражувањата на многу угледни научници ширум светот покажуваат дека земјиштата со комерцијализацијата на интензивното земјоделство се системски деградирани. Загубата на плодноста на земјата е загуба на можноста да се создаваат нови вредности. Она на што експертите веќе низа години предупредуваат, Европската Унија денес се труди со законски регулативи да го приближи до земјоделците. Со редуцирање на обработката се постигнуваат подобри резултати во зачувувањето на биолошки, хемиски и физички својства на земјиштето. Тоа се чува за идните генерации, што е истовремено и императив на новите земјоделски практики во Европската Унија.
Ратарење – апокалипса на земјоделското земјиште
Со интензивната обработка на земјата се губи неговата плодност, што директно влијае на зголемената потрошувачка на минерални ѓубрива за истата количина на принос. Општо познато е дека земјиштата на нашите простори не се добро одржувани, па содржината на хумус значително се загуби за само неколку децении. А плугот и натаму упорно се употребува. Скоро и да не постои посед каде нема барем еден плуг.
Стока има се помалку и веќе денес во голем број на села не може да се пронајдат домашни животни. Дури ни кокошки нема веќе. Пред десетина години заокружениот циклус беше присутен. Се земаше земјиште, но се враќаше со ѓубрење со органски ѓубрива. Имаше и производство на различни крмни култури кои земјата ја збогатуваа со активниот живот на биодиверзитет. Денес, тоа веќе го нема. Британскиот експерт, Џоел Вилијамс „голото“ ратарење го нарекува апокалипса на земјоделското земјиште. Земјоделскиот аналитичар од нашето соседство – Хрватска, Дарко Знаор, во многу јавни настапи предупредува на тоа дека ако продолжиме со моменталната пракса, ни остануваат уште околу шеесетина жетвени години. Иако е тешко за ова да се зборува пред земјоделците, употребата на плугот секако мора да се стави под знак прашалник.
Комбинирање на нови начини на обработка
Загубата на плодноста на земјиштето е факт. Изгубениот живот во земјата е тешко да се надомести. Она малку биодиверзитет кој останал, треба да се сочува. Со промена на пристапот кон обработката на земјата, земјоделците ќе го подобрат нејзиното здравје. Последните неколку години се појавуваат екстремни услови на производство. Долгиот сушен период, оваа есен задава поголеми проблеми во скоро сите земјоделски региони. Екстремите ќе продолжат и понатаму, па затоа не можеме да останеме на една една технологија, туку е потребно да се комбинираат и истражуваат различни видови на обработка.
Недостигот на знаење и неприфаќањето на промени итоа како е голем извор на проблеми кои се случуваат во земјоделството. Агробизнисот на овие простори скоро и да не постои. Разбирањето на создавање додадена вредност во ланецот на прехрамбени производи дури во последните неколку години почна да се сфаќа посериозно. Секое успешното производство се темели на конкурентноста, а таа зависи од сите учесници во ланецот. Ако орањето се смета за основна мерка на производство, а од друга страна нанесува толку многу штета, неопходно е да се започне со поставување прашања. Денешните земјоделци имаат можност за користење на бесплатни и лесно достапни информаци, како и можност за размена на знаења и искуства со домашните и странски експерти и земјоделци. Иако новите генерации наследуваат, односно отвораат нови поседи, специфичното стручно знаење им недостига. Тоа може да се види кога се доведува во прашање штетноста од орањето бидејќи истото се отфрла без големо размислување. Дебатата – „Орање, да или не?“ е како тематиката за употреба на ГМО.
Штетноста на орањето
Со традиционалната обработка на земјата, односно со плугот, земјиштето се уништува, што е и докажано. Но, зошто и понатаму се ора? Постојат повеќе причини за тоа. Првата причина е традицијата и недостигот на желба за промена. Од коњите, па до модерните трактори управувани со ГПС, орањето секогаш било најважно. И денес, често може да се слушне „без добар орач нема леб, ниту колач“. Понатаму, според некои истражувања, со орањето приносот се зголемува до 8%. Исто така, една од главните причини за орање е контролата на несаканатиот плевел и зачувувањето на влага во земјиштето.
Истовремено, употребата на плугот има далеку повеќе штетни последици, гледано долгорочно. Главниот виновник за ерозија на земјиштето е токму орањето. Влагата со орањето не се чува, туку се губи. Во подрачјата каде не постои можност за наводнување, од економски или географски причини, задржувањето на влагата мора да биде приоритет во однос на другите операции на производство. Орањето не е погодно за секој вид на земја. Користењето на фосилни горива и работната сила при орањето претставуваат најголем трошок во вкупното производство. Долгорочно гледано, со орањето се губи здравствената исправност на земјиштето.
Нови практики и истражувања
Новите пракси покажуваат позитивни промени во земјиштето. Веќе неколку години во земјите на западна Европа, започна сериозно да се сфаќа редуцираната обработка на земјата, придружена со примена на различни технологии. Во Америка и Австралија пак, веќе повеќе од половина век се користи праксата на минимална обработка на земјишетето. Амеречкиот систем е ставен под знак прашалник, бидејќи се темели на употреба на тотални хербициди и генетски модифицирани посеви. Европската Унија посакува поинаков пристап. Со новата практика се посакува постигнување на намалена потреба од пестициди и минерални ѓубрива, а во исто време зголемена свест за значењето на интеракцијата меѓу самото земјиште и производството на храна. Главна цел е одржуање на здравјето на земјоделското земјиште, подобрувањето на биодиверзитетот, намалување на производните трошоци и зголемување на приходот во земјоделството.
Во Велика Британија голема популарност доби користењето на технологија на директна сеидба во покривните посеви. Основен предуслов за тоа е долгорочното планирање. Земјоделецот Ендру Хауард користи систем на директна сеидба без обработка на земјата на своите 350 хектари веќе шест години. Производството бара повеќе знаење и соработка, а исто така, бара и специјални сеалки (кои често се употребуваат кај повеќе земјоделци). Ендру нагласува дека тие сакаат да направат нешто нови и засега успеваат. Ја намалиле употребата на фосилни ресурси, го зголемиле профитот, а покрај наведеното допринеле и во зачувување на животната околина и го зачувале земјиштето за идните генерации.
Со прецизното земјоделство, аналитиката, употребата на нови модели на управување, користењето на роботиката, пристапот кон производство на храна се менува. Тој веќе се промени за многу поседници. Праксата на покровни посеви е одговор на намалувањето на сточен фонд во многу региони ширум Европа.
Познати застапници на рудицираната обработка, на конференцијата „Groundswell“воВеликаБританија, којаимазадачадапренесувапрактичнаприменанаредуциранатапраксавоЕвропа, јапренесоаглавнатапораканапосетителитенаконференцијата „Помегнете му на земјиштето да работи за Вас“. Земјиштето е жив медиум кој револуционерно се менува без прекин. Плугот треба да се користи само во случај на производство на некои култури (пр. Шеќерна репка, компир).
Француско – украинси пример
Францускиот агроном со повеќегодишно искуство во редуцирана обработка, Жан – Пол Пруид, работел во Франција, Полска и Украина. Со својот пример, покажал дека со минимално, односно директно сеење се постигнуваат подобри резултати во зависност од она што се сака да се реализира. Во Франција, Жан – Пол поседува имот со големина од 120 хектари кој е во no – till системот над 30 години. Земјиштето е со песокливо – иловаста структура со многу активен живот во него. На имотот се применува технологија на трајни трагови, со што се намалува проблемот на набивање на земјиштето. Сеидбената структура се состои од пченица, маслодајна репка, пивски јачмен, соја и пченка. На 120 хектари тој користи сеалка марка Џон Дир, серија 1590 и зафат од 4,5 метри. Стопанството користи само еден трактор со моќност од 120 kW.Истиот трактор и сеачка се користат и на блиските фарми. Тој напоменува дека експлоатацијата на машините игра голема улога во профитабилноста на земјоделските стопанства, затоа што всушност механизацијата е најскапата карика во работењето. Тој агроном се испробал во производството на полјоделски култури и во републиките на поранешниот источен блок. После завршувањето на работата во Полска во 2008 година, заминал да работи во тренинг центар за млади агрономи во Украина. Затоа што, тогаш општеството било многу скептично кон западните технологии, одлучил да најде инвеститори и почнал да спроведува пракса на редуцирана обработка на големи површини. Француско – британските инвеститори го поддржале проектот и Жан – Пол почнал да ја применува западната no – till технологија и min till обработка. На 7000 хектари започнал производство на пченица, соја, маслодајна репка, пивски јачмен, грашок, сончоглед, пченка и хељда без употреба на плуг. Украинските ораници имаат варијабилно земјиште, од длабоко плодна црница, преку сиромашно – песокливо до неплодно земјиште, кое е веќе уништено од масовното производство на храна во времето на Советскиот сојуз. Уништени се поради прекумерниот внес на минерални ѓубрива, убивањето на живата природа со пестициди и орањето (ерозија). На лошите земјишта се одгледува соја, хељда и покривни насади, во првите три години, со цел враќање на плодноста на земјиштето. No – till се користи за пченица, пивски јачмен, соја, хељда, грашок, додека min – tillобработка се користи во производство на пченка, сончоглед и маслодајна репка. Min – till подразбира обработка со тежок тањирач или подривач. Сеидбата се врши со сеалки Horsch Sprinter 9 и Horsch Pronto 9. Сеалките ги влечат трактори John-Deere 8400 и Fendt 936. Посебно се внимава на активноста на земјиштето. Жан – Пол тврди, дека ако му помогнете на земјиштето и тоа Вас ќе ви помогне.
Просечните приноси на пченицата без употреба на плугови, во Украина, достигнува 9 тони пченица, 7 тони јачмен, маслодајна репка 4,5 тони, соја 7 тони, без потреба од досушување. Со самото тоа што влезните трошоци се далеку помали во споредба со традиционалното производство, бројките зборуваат за себе.
Долг е процесот од почетокот до успешната пракса на целосно исфрлање на плуговите. Во редуцираната обработка, земјоделците мораат да разберат дека на земјишните црви и микроорганизмите во земјата им треба време за изградба на квалитетно земјиште, така што во случаи на набивање може да се користат додатни биолошки или прецизно планирани механички мерки. Подривачите на земјиштето покажале негова минимална вознемиреност со што не се нарушува активниот живот внатре во земјата.
Во земјоделски развиените земји постои изрека: „Кога нешто ќе научиш, немој да мислиш дека е тоа се, затоа што веќе утре се може да се промени“.