fbpx
Вести

Македонија и Унгарија ќе разменуваат искуства во лозарството и винарството

Покрај добрите политички односи и успешната економска соработка со Унгарија, посебно значајна е соработката во областа на земјоделството. Во таа насока искуствата и знаењата на унгарските земјоделски експерти ќе бидат од голема помош за постигнување на стандардите во рамките на ЕУ.

makedonija i ungarija kje razmenuvaat iskustva vo lozarstvoto i vinarstvoto

 

Техничката поддршка од Унгарија ќе биде од големо значење за Македонија, особено во поглед на исполнување на стандардите за влез во ЕУ. Во фокусот на унгарската техничка поддршка, се ЕУ-субвенции, земјоделските статистики, регистри за вино и мрежа за сметководствени податоци од земјоделски стопанства.

Споделување на искуствата кои што Унгарија ги има постигнато како членка на ЕУ ќе имаат голем придонес за Македонија, особено во секторите лозарство и винарство. Овие искуства и знаења ќе помогнат во подобрување на регистрите кои се водат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, мрежата на сметководствени податоци од фармерите кои се воспоставени од 2007 година и анализа на податоците од земјоделските стопанства. Податоците кои ќе се добијат ќе овозможат да се прават различни анализи со цел добивање на јасна претстава за тоа како треба да се градат понатамошните политики и одредени стратегии со цел да ги постигнеме резултатите кој Унгарија ги има постигнато во земјоделството, информираат од ресорното министерство.

Покрај добрите политички односи и успешната економска соработка со Унгарија, посебно значајна е соработката во областа на земјоделството. Во таа насока искуствата и знаењата на унгарските земјоделски експерти ќе бидат од голема помош за постигнување на стандардите во рамките на ЕУ.

Лозарството, заедно со производството на вино, со нето годишен прилив од над 65 милиони евра учествува со околу 17 до 20 отсто во земјоделскиот бруто-домашен производ.

Виното е на прво место во извозот на пијалаци и втор најважен производ во однос на извозната вредност на земјоделските производи. Во последната деценија е евидентно присуството на се поголем број нови винарници изградени и опремени по најсовремени стандарди, но и реконструкција и модернизирање на старите во насока на што подобар квалитет на виното.

– Соработка со Унгарија која се одвива во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка во 2013 година ќе продолжи и ќе се интензивира. Унгарија е голем поддржувач на процесот на интеграција на Македонија и во политичка и во техничка смисла. Ние ќе работиме во секторот на земјоделство каде што има многу комплексни прашања во смисла на имплементација на европските закони. Особено е значајна соработката и размената на искуства меѓу експертите во областа на одгледување на винова лоза и производство на вино, истакна амбасадорот на Унгарија Ласло Лукс.

Тој додаде дека од краткиот престој во земјава заклучил дека македонското земјоделство има голем потенцијал поради што е голем и просторот за соработка на ова поле.

Според него, малите производители и продавачите на зелените пазари можат да се заштитат од строгите ЕУ критериуми ако за тоа има разбирање кај надлежните институции.

– Ова е многу чувствително прашање кое предизвика големи проблеми во Унгарија. Но, нашето искуство вели дека доколку има разбирање од страна на институциите, можно е да се заштитат малите производители и продавачите на зелените пазари и покрај строгите ЕУ критериуми. Токму тоа го прават унгарските институции, на секој начин се обидуваат да ги заштитат овие две категории бизниси, рече амбасадорот и уште еднаш ја нагласи поддршката од унгарска страна за македонските евроинтеграции, додава Лукс.

Од МЗШВ велат дека не очекуваат да се укинат ЕУ средствата за Македонија, посебно во земјоделството, зашто за сите мерки, насоки и одредници што им биле дадени изготвиле соодветна програма во соработка со релевантни европски претставници. Програмата е доставена до Европската комисија и се чека одговор. Засега нема сигнал дека Програмата ќе биде одбиена или нема да се одобрат средства за поддршка на македонското земјоделство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close