Вести

Се утврдува цената на пченицата

pcenica

Министерот за земојделство Љупчо Николовски беше дел од денешната работилница во рамки на проектот„ Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“, финансиран од Европската унија, а спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Во следните 3,5 години со поддршка од Европската унија и ФАО и заедничка соработка и со другите партнери во проектот, планирано е да се спроведат нови четири консолидации на различни подрачја во земјава, од кои најголем бенефит ќе имаат земјоделците, истакна министерот.

Тој потенцираше дека новата реформска Влада, при креирањето на земјоделските политики особено внимание посветува на консолидацијата т.е окрупнувањето на земјоделското земјиште, а со дополнителни субвенции ќе се зголемуваат и земјоделските површини.

Во однос на цената на пченицата ресорниот министер посочи дека во моментот се анализират состојбите за утврдување на цената и дека се прават и проценки за штетите од невремето. Пренаменети се милијарда денари за да се реализара исплатата.

Николовски посочи дека ќе биде соопштена и трошковната цена за производството на пченицата, но заедно со  пазарната цена соодветно ќе се предложат и мерки на Владата.

 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close