Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во еден ден, без селекција на сметките на 7.877 фармери, кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка, исплати 222 милиони денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, млеко предадено на преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018 – та година.
Со оваа исплата, се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година се исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар.
Оваа Влада од почеток на мандат до денеска, исплати вкупно 331 милиони евра финансиска поддршка во агро секторот, со што докажуваме дека целосно сме посветени на модернизација, развој и поддршка на нашето земјоделство.