Има пари за земјоделци од Неготино за претрпени штети од мрзнење на земјоделски култури
Тој соопшти дека врз основа на донесена одлука од Владата за надомест на штета од елементарни непогоди, на Општина Неготино и е обезбедена парична помош од буџетот за 2023 година, во висина од 10 отсто од вкупно проценетата штета од 163.486.756,00 денари, или 16.348.676,00 денари. Мрзнењето се случи во 2021 година.
Исплатени се финансиски средства за земјоделци од Неготино, за претрпени штети од мрзнење на земјоделски култури, информираше синоќа неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Тој соопшти дека врз основа на донесена одлука од Владата за надомест на штета од елементарни непогоди, на Општина Неготино и е обезбедена парична помош од буџетот за 2023 година, во висина од 10 отсто од вкупно проценетата штета од 163.486.756,00 денари, или 16.348.676,00 денари. Мрзнењето се случи во 2021 година.
Стојанов појасни дека средствата биле трансферирани на посебна наменска сметка на 24 февруари. Во овој период биле обработени преку 650 налози и средствата вчера им биле исплатени на оние што претрпеле штети, согласно законскиот рок за исплата на овие финансиски средства, што е заклучно со 24 март.
Врз основа на оваа исплата, ќе следувал извештај до Владата.