
Агро бизнисВестиТоп вести
Исплатени се субвенции за високостелни педигрирани јуници
Исплата на мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 набавка на добиток и тоа високо стелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко
За реализација на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, исплатени се средства во висина од 16.041.565,00 денари, како неповратна финансиска поддршка кон 8 корисници, како учество во нови инвестиции наменети за Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 Набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), од увоз или од признати организации на одгледувачи согласно Законот за сточарство.