fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Собранието гласаше за измените на Законот за тутун, но се уште не се знае кога ќе се отворат вратите за откуп на тутун

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ТУТУНАРИТЕ-Ако не до крајот на оваа можеби идната недела ќе се направат измените за да продлжи откупот на тутунот

Денеска попладне се деблокираше работата на Собранието со обезбедениот кворум од страна на пратениците од владеачката коалиција. На дневен ред на 34 седница се најдоа предлозите за измени на Законот за тутун предложени од пратеници од владеачкото мнозинство и оној од пратеници од опозицијата. За гласаа 64 пратеника за предлогот на пратениците од владеачкото мнозинство со што почнаа и собраниските процедури за измена на законот по скратена постапка, но за тутунарите тоа се уште ништо не значи бидејќи допрва следуваат собраниските процедури. Според овие процедруи сега оваа измена на законот треба да се најде на гласање пред Законодавно правната комисија како и пред Комисијата за земјоделство. Штом ќе закажат седници овие две комисии и ако позитивно се изјаснат тогаш повторно на дневен ред во Собранието пред пратениците ќе се најдат овие измени и дури тогаш ќе може да стапи на сила законот кој практично треба да овозможи отворање на вратите на откупните центри кои останаа затворени од петокот.  На новинарско прашање до министерот за земјоделство Хоџа кој денеска потпишуваше меморандуми за соработка со високо образовните научни установи тој не се чувствува одговорен за затворените откупни пунктови и прекинот во откупот.

-Барањето за измена на законот е направено истиот ден откако имавме средба со претставниците на тутунарите и со откупувачите. Зошто не направено навреме треба да се праша собранието иако сум информиран дека денес измените се на дневен ред и верувам дека многу брго ако не до крајот на неделава тогаш можеби идната недела ќе има измени и ќе продолжи откупот. Реално гледано барањето за одговорност во време на Ковид и протести кои го пролонгираа откупот мислам дека не е соодветно, рече  Аријанит Хоџа министер за земјоделство.

Здруженијата на тутунарите му забележаа на министерот дека задоцнил со реакцијата за поднесување на измените за да се продолжи рокот за откуп. Тие уште по Нова година укажуваа дека заради протестите, но и заради слабата динамика на откуп дека ќе биде потребно да се откупува и во сабота и во недела за да се стаса да се преземе целиот тутун, а министерот не требало да чека на средба со тутунарите кога секојдневно службите имаат дневен преглед колку е откупено. Тие не се согласуваат со констатациите на министерот дека за откуп има само уште илјада тона бидејќи според нивните проценки на терен има околу три илјади тони тутун кои стои и чека да се одблокираат законските пречки и да продолжи откупот.

Тим на Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close