fbpx
Вести

Исплатени субвенции за тутун од реколта 2014

Денеска се исплатија субвенции на производителите на тутун за реколта 2014.

tutun-652

 

30.200 тутунари добија 1 милијарда и 450 милиони денари.  99 одсто од земјоделците се целосно исплатени. Остануваат уште 600 тутунопроизводители на кои им се даваат одредени рокови да ги подмират надоместоците за закупнина на земјоделско земјиште, за концесии, по однос на кредити и сл., за да ги добијат субвенциите, односно 1 евро по килограм тутун.

Заменик министерот  за земјоделство, шумарство и водостпонатсво истакна дека оваа година нема да остане ниту еден тутунар, кој нема да добие субвенции, односно дека сите тутунари ќе ги добијат ветените субвенции.

Тој нагласи и дека за отштета за болеста син јазик, исплатени се 55 милиони денари.

Б.П.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close