
Исплатени субвенции – На 23 874 поледелци, исплатени 461 492 542 денари
Има исплата за пченица, јачмен, пченка, ориз,`рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, тутун, маслодајна репка за човечка исхрана, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка, како и едногодишни и повеќегодишни лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 23 874 поледелци им исплати 461 492 542 денари.
Средствата се исплатени по програмата за 2025 година, директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2024/2025 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, ориз,`рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, тутун, маслодајна репка за човечка исхрана, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка, како и едногодишни и повеќегодишни лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе;
-Земјоделски стопанства кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2024/2025 година, со исклучок на тутунот каде што минимум засеаната површина е 0,2 ха и цвеќето за кој минимум засадена површина во 2025 година е 0,2 ха;




