Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Испорачани се првите количини масло од Србија, утре треба да бидат во маркетите, вели Николовски
Освен од Србија, Николовски истакна оти денеска во земјава имаме увоз на масло за јадење и на нерафинирано масло и од Русија, Украина и Бугарија, така што, како што додаде, нема потреба од никаква паника кај граѓаните и од зголемување на домашните резерви
Населението не треба да се грижи, Владата спроведе политики кои обезбедуваат доволно количини на храна, вклучително и масло за јадење, рече на денешната прес конференција министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
– Првите количини веќе се стигнати од Србија, а на увозниците и на трговците е оставено каква динамика ќе спроведат во однос на нивната дистрибуција до купувачите. Не само масло за јадење од Србија, туку масло, рафинирано и нерафинирано, денес стигнува и од други земји. Денес имаме увоз од Русија, од Бугарија и од Украина – рече Николовски.
Тој потенцираше дека се прават политики и во насока на зголемување на домашното производство. Денес е објавен оглас за речиси 6.000 хектари државно земјиште за обработка на поледелски култури.