fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Преку развиено и модерно земјоделство можеме да ја постигнеме целта за поголеми количини храна, безбедна и достапна за секој граѓанин

Николовски ги презентира мерките што МЗШВ ги креира за поддршка за домашното производство преку Националниот план за производство на храна и програмите за поддршка на малите индивидуални земјоделци, со цел обезбедување на доволни количини храна, достапни за граѓаните.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Софија учествуваше на Меѓунариодниот Самит „Зелена Транзиција – Централна и Источна Европа“, каде одржа свое обраќање на панелот посветен на обезбеденоста со храна достапна за секој граѓанин.

 Во своето обраќање министерот Николовски ги презентира мерките што МЗШВ ги креира за поддршка за домашното производство преку Националниот план за производство на храна и програмите за поддршка на малите индивидуални земјоделци, со цел обезбедување на доволни количини храна, достапни за граѓаните.

 „Како држава подготвивме Национален план за производство на храна, преку кој го поддржуваме домашното производство на храна, пред се на значајните култури и домашното производство го насочуваме кон домашните капацитети. Од оваа година преку седум нови програми за поддршка обезбедивме грантови до 10.000 евра за развој на малите производители на храна и пијалоци, поддржувајќи ги во набавка на опрема за произзводство“ истакна во обраќањето министерот Николовски.

 Единствена земја бевме во регионот која подготви Интервентна програма за поддршка на секој еден земјдоелец, во услови на тешка светска криза.

„Со Интервентна програма, за што сме единствени во регионот даваме поддршка на секој еден земјоделец во услови на криза, а преку конкретни владини мерки помогнавме во стабилизирање на цените обезбедувајќи храната достапна за секој граѓанин. Најзначајна мерка од Интервентната програмата беше поддршката до 40% при набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури. Оваа мерка даде одлични резултати, ја искористија повеќе од 12.000 земјдоелци, остваривме зголемен принос на житни култури, со многу поголем квалитет. Во таа насока Интервентната програма ја продолживме и оваа година со дуплиран буџет, каде имаме отворена програма, за да можеме во секое време каде ќе се појави потреба од интервенција да биде креирана интервентна мерка за поддршка на земјоделците“ истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски додаде и дека преку иницијативата Отворен Балкан се отворија трговските текови, задржувајќи ја регионалната стабилност и економскиот развој на трите држави членки на иницијативата Отворен Балкан.

 

Државите во светот се соочуваат со многу предизвици при креирањето на земјоделската политика. Соочувањето и решавањето на овие предизвици влијае на земјоделското производство и бара заеднички напор и комбиниран пристап на подобрено управување со природните ресурси, истражување и иновации, поддршка на малите земјоделци и негување директни односи меѓу земјоделците и потрошувачите. Овој пристап не само што ги зајакнува локалните економии, туку и го подобрува пристапот до свежа, хранлива и безбедна храна за сите граѓани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close