fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Ист Гејт Мол“ ги отвора вратите за потрошувачите, со над 220 закупувачи и многу нови брендови

Инвестицијата на компанијата „Балфин“ изнесува 103 милиони евра и ќе овозможи вработување на околу 2.500 лица. Беше завршена за 26 месеци и се простира на 160 илјади метри квадратни бруто површина, а со овој објект Скопје станува регионална шопинг дестинација

Најголемиот трговски центар во земјава, но и пошироко во регионот, вечерва ги отвори вратите за државниот врв и за деловните партнери и гостите на компаниите и брендовите кои се присутни во овој импозантен објект со бруто изградена површина од 160.000 метри квадратни и над 220 закупувачи. За потрошувачите, прв шопинг ден е петок, 29 октомври.

„Активно работевме изминатите две години не само на изнаоѓање на соодветен микс на закупци туку гледавме и една друга компонента – да ги оцениме соодветно потребите на потрошувачите и да донесеме закупци кои што ќе одговорат на потребите на потрошувачите“, вели Игор Давков извршен директор на „Скопје Ист гејт“. Тој вели дека трговскиот центар има регионален карактер и по својата големина и по миксот на закупци кои што е креиран и ќе понуди едно сосема ново шопинг искуство, како за граѓаните на Скопје, така и за оние од целата земја, но и надвор од неа. https://nezavisen.mk/galerija-ist-gejt-mol-gi-otvora-vratite-za-potroshuvachite-so-nad-220-zakupuvachi-i-mnogu-novi-brendovi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close