fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трговците бараат 20 отсто маржа во трговијата на мало и да важи само за основните производи

„избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало“

Претставници на трговците на големо и на мало, кои се дел од Стопанската комора на Северна Македонија бараат да се изнајде, како што велат во соопштение, „избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало“. Под тоа тие подразбираат повисока маржа во трговијата на мало, која според нив треба да е 20 отсто, како и да важи само за основните производи. За таа цел бараат итна средба со министерот за економија Крешник Бектеши.

„Само на тој начин, со вклучување на бизнис заедницата и консултации со Стопанската комора на Северна Македонија ќе може да се дојде до поквалитетно решение“, се вели во соопштенето до медиумите од Стопанската комора.

Во него, меѓу другото, се наведува дека во врска со владината одлука за највисока трговска маржа до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало,  бил одржан состанок на претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија.

„Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка“, се вели во соопштението. Притоа, се додава дека во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 – 14 отсто од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 – 6 отсто, на одржување 7 – 10 отсто, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 отсто од вкупниот промет.

„Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 отсто во трговијата на мало“, сметаат компаниите.

Истовремено, компаниите бараат и корекција на листата на производи, односно одлуката да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа.

„Доколку Владата на РСМ не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци“, се вели во соопштението до медиумите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close