fbpx
Топ вести

Истражувачите откриле нови 27 пчелни вируси!

 

 

Се верува дека пчелите „заработуваат“ вирус од растенијата, кој потоа го шират на другите растенија и на тој начин ги загрозуваат, пред се, земјоделските насади. Меѓутоа, негативните ефекти, како на пчелите, така и на растителните култури, потребно е дополнително да се утврдуваат.

Меѓународен тим на истражувачи, открил дури 27 нови пчелни вируси! Се верува дека, ова откритие ќе им помогне да направат стратегија, со која ќе го спречат ширењето на патогените вируси, помеѓу овие опрашувачи.

„Спротивно на важноста на пчелите како опрашувачи и важноста на вирусите за здравјето на пчелите, нашето разбирање на пчелните вируси е изненадувачки ограничено“, рекол научникот Дејвид Галбрајт (David Galbraith).

Примероци од 12 видови пчели

Со цел истражување на вирусите, научниците собрале примероци од ДНК и РНК, кои се задолжени за синтеза на протеини, од 12 видови пчели, од 9 земји, ширум светот. Потоа, развиле нова техника, со помош на која утврдиле некои од познатите вируси, но и 27 нови, односно оние кои порано не биле евидентирани.

„Со оваа метода можеме да ги утврдиме сите вируси присутни во примерокот, без претходно знаење за тоа што би можело да има таму“, рекол Захари Фулер од Универзитетот во Колумбија. Резултатите од истражувањето ги објавиле во јуни.

Вирус сличен на растителниот

Еден од вирусите, кој е откриен е сличен на вирусот кој може да се најде кај растенијата. Се верува дека, пчелите го „заработуваат“ вирусот од растенијата, кој потоа го шират на другите растенија и на тој начин, ги загрозуваат пред се, земјоделските култури.

„Мораме да направиме повеќе експерименти, со цел да утврдиме дали вирусите ги заразуваат пчелите, затоа што постои можност, тие да постојат на поленот, но директно да не влијаат на пчелите. Важно е да се утврди и дали имаат негативни ефекти, како на пчелите, така и на културите“, изјавила професорката Кристина Грозингер.

Откриени се и исти вируси, во различни видови пчели. Со тоа е потврдено, дека тие слободно циркулираат меѓу пчелите и пчелните семејства. Истражувачите сметаат дека постојат уште многу вируси, кои чекаат да бидат откриени.

 

Валентина Соколовска за Зелена Берза

 

Слични написи

Back to top button
Close