fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Италија прогласи вонредна состојба поради сушата

Италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, од кои потекнуваат околу една третина од земјоделските производи, а која страда од најтешката суша во последните 70 години.

Италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, од кои потекнуваат околу една третина од земјоделските производи, а која страда од најтешката суша во последните 70 години.

Владиниот декрет за вонредна состојба ќе им овозможи на локалните власти да ги скратат бирократските процедури и да преземат итни мерки доколку сметаат дека е потребно, вклучително и наредба да се ограничи потрошувачката на вода за домаќинствата и бизнисите, пренесува „Ројтерс“.

По е најдолгата река во Италија, која тече повеќе од 650 километри низ богатиот север на Италија, но многу делови од течението на реката пресушија, а фармерите предупредуваат дека протокот на вода е толку низок што морската вода навлегува во внатрешноста и ги уништува посевите. https://republika.mk/vesti/svet/italija-proglasi-vonredna-sosojba-poradi-sushta/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close