fbpx
ВестиСовети

Изберете квалитетна есенска заштита од нисколисен плевел во зимските житарици

За да не дојде до одземање на хранливите материи, водата, светлината и просторот од страна на плевелот, компанијата Chromos Agro, препорачува заштита на зимските житарици со употреба на хербицидот Stomp Aqua.

Сеидбата на високородни сорти, зголемената исхрана со минерални ѓубрива (посебно со азот), остатоци од семе на плевел во земјиштето во предсеидбениот период, редуцираната механичка обработка на земјата, остатоците од плевел на стрништата, разнесувањето со комбанирање и слично, се причини за редовна затревеност (закоровеност) на производните површини.

Сузбивањето на плевелот со хербициди во зимските житарици во есенскиот период, ќе биде потребно, ако житариците се посеани рано и ако зимата почне доцна, како и ако постои некој од предусловите кои ги споменавме на почетокот. Во тој случај, плевелот може да се развие во голем број во текот на есента, а со тоа да предизвика губитоци во производството, кои подоцна не ќе можеме да ги ублажиме.

Со цел да не дојде до одземање на хранливите материи, водата, светлината и просторот од страна на плевелот, компанијата Chromos Agro, препорачува употреба на препаратот Stomp Aqua – кој е селективен, контактен и земјен хербицид, наменет за сузбивање на едногодишните нисколисни плевели и ја намалува заплевеленоста во овоштарството, лозарството, градинарството, полјоделството, кај индустриските и украсните растенија.

Во пченицата, јачменот, ржот се применува после сеидбата, а пред никнувањето на културата во количина 2,5 -3,0 л/ха.

Stomp Aqua – надзор над плевелот во траење од повеќе седмици

Делотворната состојка на хербицидот се наоѓа во капсулите, во водена суспензија. Кај разредување со вода, дел од капсулата набубрува, кај прскањето прска и ја ослободува делотворната состојка. Испрскана на листовите на растението, делотворната материја, делува веднаш, на начин што спречува понатамошна клеточна делба кај плевелот.

Плевелот изумира поради фолијарното влијание на делотворната материја директно на надземниот дел од растението. Преостанатиот дел од неактивираните капсули паѓа на тлото. Под влијание на росата или влажноста на земјиштето, капсулите пукаат постепено. Ослободената делотворна материја која влегува во земјиштето, ја забавува клеточната делба на коренестиот дел – хербициден ефект преку почвата. Со оглед на тоа што процесот се одвива постепено, постигнуваме надзор над плевелот во траење од повеќе седмици.

Предности на Stomp Aqua:

  • Поголема количина на делотворни материи во однос на останатите средства кои ја содржат делотворната материја пендиметалин (455 г/л)
  • Нова формулација – инкапсуларна суспензија
  • Продолжено делување
  • Лесно ракување и помалку нечистотија

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close