Како да одберете зрела лубеница?

(Oвој напис е објавен на: June 28, 2019)

lubenica

Постојат повеќе начини како да одберете зрела лубеница, но дали секој од нив вистински делува?

Се чини дека колку и да се обидувате, единствен начин да препознаете добра лубеница е да ја пресечете, но постојат и неколку знаци кои ќе ви помогнат во купувањето лубеница без да ја пробате.

Најпрво погледнете го обликот на лубеницата. Секоја лубеница со нерамнини нема да биде добра бидејќи токму овие „џумки“ укажуваат на нередовно наводнување и пресушување на плодот.

Некои луѓе „се крстат“ во звукот на лубеницата. Овој метод и не е така лош, но потребно е искуство. Кога пробувате да пресудите дали е вкусна лубеницата на овој начин вие всушност наслушнувате колку вода има во неа.

Внимавајте на лубениците кои имаат дршка. Лубениците набрани со дршка воопшто не се зрели и премногу рано се собрани. Ваквите лубеници ќе бидат многу зелени и воопшто нема да бидат благи.

Најдобриот начин да изберете зрела лубеница е жолтеникавата дамка која се јавува на кората. Многумина сметаат дека ова е знак дека лубеницата е расипана, но не е. Жолтеникавата боја покажува дека растението губи хлорофил, а тоа укажува дека е зрело и спремно за јадење.


 

кајгана