Изградбата на пругата кон Бугарија ќе продолжи во првиот квартал следната година
Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски очекува постапката за избор на изведувач на првите две фази од пругата со Бугарија да заврши до крај на годинава
Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски очекува постапката за избор на изведувач на првите две фази од пругата со Бугарија да заврши до крај на годинава, а градбата да стартува во првиот кравтал следната година.
-Северна Македонија е силно посветена на евроинтеграцискиот процес и на интегрирање на транспортните системи со земјите од регионот и со транспортниот систем на Европската Унија, истакна Бочварски, кој денеска престојува во работна посета на Софија, каде заедно со министрите за транспорт на Република Бугарија, Христо Алексиев, и Република Албанија, Белинда Балуку, го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за изградба и координиран развој на Коридорот 8. Документот одредува јасни датуми за развој на трите земји и нивните активности на Коридорот 8, а очекувањата се да биде готов до 2030 година.https://nezavisen.mk/izgradbata-na-prugata-kon-bugarija-kje-prodolzhi-vo-prviot-kvartal-slednata-godina/