fbpx
Вести

Измените на Законот за избори за исплата на земјоделските субвенции на владина седница

zemjodelci

Предлог-измените на Законот за избори кои предвидуваат земјоделските субвенции да може да се исплаќаат по конституирање на Собранието, а не по формирање влада, денеска треба да бидат разгледани на владина седница.

Измените ги изготви Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел субвенциите да се исплаќаат навреме, без какво било задоцнување.

– Доцни исплатата на субвенциите поради Законот за избори кој предвидува да не исплаќаме субвенции 20 дена пред почеток на кампања и се до формирање влада, совет на општина или избор на претседател на државата. Затоа, предлагаме измена на Законот според која, субвенции нема да има 20 дена пред почеток на кампања и до конституирање на Собрание, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Доколку Собранието брзо заседава и го изгласа предлогот, исплатата на субвенциите, нагласи Цветков, може да почне веднаш.


 

курир.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close