fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Измените на Законот за тутун обична фарса, тутунарите пренесени жедни преку вода, реагира Игор Мирчески

Абре пратеници, за тоа ли ве гласавме, а?, пишува Мирчески

Пишува Игор Мирчески, реакција по веста дека пратениците на ВМРО – ДПМНЕ од Прилеп предлагаат законски измени на Закот за тутун /zelenaberza.com.mk/

Мирчески смета дека измените на законот ќе бидат фарса, груба и непристојна шега на сметка на тутунарите.

 

Конечно измените и дополнувањата на Законот за тутун ќе се најдат пред пратениците на првата наредна седница во собранието. Повеќе од 6 години сегашната владејачка партија, тогаш во опозиција (кога беше СДСМ на власт) го користеше незадоволството и револтот на тутунарите, кое оправдано во последните години се појавува пред секоја нова откупна реколта, во однос на ниските откупни цени.

Со вакво ветување, за измени на законот за тутун, ДПМНЕ  ја побара и ја доби поддршката од тутунарите и на локалните избори 2021, но и на последните парламентарни избори одржани минатата година.

И кога сите тутунари очекуваа дека ДПМНЕ ќе го оствари своето ветување и ќе донесе измени на Законот за тутун во нивен интерес, тутунарите повторно ќе бидат излажани – пренесени жедни преку вода!,  што вели нашиот народ, односно ќе се донесат измени кои нема да значат ама баш ништо за интересот на тутунарите.

Измените се чиста козметика и никави суштински промени нема да претрпи актуелниот законот. Промените се однесуваат во делот на Сојузот, каде се враќа старото законско решение за мислење на Сојузот во однос предлог договорите, кое и кога беше на сила не се почитуваше, поготово сега со новиот сојуз кој е партиски составен и е подреден и под целосна контрола на министерот.

Втората измена, наместо да се воведе целосна забрана на увоз на ситнолистен, необработен тутун, владејачката партија под притисок на откупувачите прави временска забрана во период на откуп на тутун, од 15 декември до крајот на откупот 28/29 февруари со смешна циркузантска дефиниција- „Забраната е се додека не се откупи и последниот лист тутун од домашното производство” .

Тоа во суштина не е никаква забрана, туку само мачкање на очите на тутунарите демек – „забрануваме увоз“.

И третата измена, за да не бидат само овие две, како главно барање на новиот сојуз е да се дозволи полагање за проценители на членови од семејството на производителот. За да може сите членови од фамилијата да станат проценители што преставува многу битна измена, што би се рекло – битна колку ланскиот снег!

Ваквите измени нема со ништо посебно да придонесат во откупот на тутун од оваа реколта, единствена цел за нивното носење сега е да се користат за време на кампањата, во пресрет на локалните избори на есен, каде истите ќе се преставуваат како историски, суштински измени и за доброто на тутунарите.

Ова наликува на евтин ПР и манипулација за да се добие гласот на оваа категорија на граѓани, тутунопроиводители, која брои околу 20.000 семејства во државата. Жалам, но тутунарите повторно ќе бидат оставени на волјата на откупните компании и нивниот макотрпен труд и понатаму ќе биде потценет и минимално платен.

 

Игор Мирчески, поранешен координатор на тутунски здруженија.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Ставовите изнесени во колумна, интервју, реакција, не се ставови на медиумот и не сноси одговорност)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close