fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМлад земјоделецОгласникРурален туризам

Објавен повикот за ваучери за одмор – отворете линк

Може да се аплицира до крајот на месецот

Министерството за економија вчера  го објави повикот за организирање одмор на работници со ниски приходи, чиј предмет е издавање потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 18.000 денари. Отвори https://economy.gov.mk/

Право на учество имаат сите вработени физички лица чии месечни приходи во семејството не надминуваат нето-износ од 50.000 денари.

Едно лице може да добие само една потврда за користење средства за организиран одмор, стои во повикот, во кој се додава дека потврдата ќе може да ја користат само работникот на кој му е издадена и неговото потесно семејство наведено во барањето.

Потврдите ќе се издаваат по принципот прв дојден, прв услужен, а ќе можат да се искористат од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 19 септември до 1 декември 2024 година во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување.

Барањата со комплетната документација може да се достават по пошта или лично до Архивата на Министерство за економија, ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 14, Скопје, секој работен ден од 9:30 до 15:30 часот, најдоцна до 29 февруари.

Целиот повик со листата со потребните документи за аплицирање можете да ги прочитате тука https://economy.gov.mk/, а потребните обрасци може да ги преземете тукаhttps://economy.gov.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close