fbpx
ВестиТоп вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 10.07.2019 година и остави големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, истите потребно е да достават соодветна документација до Општина Битола.

За таа цел, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, најдоцна до 19.07.2019 до 15:30 часот, да достават:

  • Барање до Општина Битола за надомест на штета;
  • Имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура.

Доставената документација ќе биде разгледана од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close