fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Хоџа-Учениците од земјоделско-ветеринараната струка, секогаш ќе и бидат потребни на една држава

Проектот за мини ЗОО Парк и Систем за аквапоника, се победници на натпреварите во организација на ФИТР

Зааедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалниците на Општина Студеничани Азем Садики и Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на ФИТР, Коста Петров, денеска учествував на настан во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“, Драчево, по повод отворањето на мини зоолошка градина на ова средно училиште, информира министерот Арјанит Хоџа.
Во конкуренција на триесетина средни училишта од државава, токму тие со Проектот за мини ЗОО Парк и Систем за аквапоника, се победници на натпреварите во организација на ФИТР. Денеска, свечено беше отворена за јавност нивната мини зоолошка градина со многу животни и птици.
Учениците од земјоделско-ветеринараната струка, секогаш ќе и бидат потребни на една држава. Ги повикувам сите љубители на природата а особено полуматурантите да го посетат училиштето и да се уверат дека доколку одберат да се запишат во ова средно училиште, ќе учат опкружени со пририда. Ќе се дружат со животните додека истовремено се грижат за нивната благосотојба. Ќе научат зошто аквапониката е еден од најсовремените производствени процеси во кои животот во симбиоза на различни биолошки видови, дава одлични резултати во земјоделското производство.
-Честитки до сите ученици, вработени и директорката на ова училиште за постигнатиот успех, со желба за уште многу успешни проекти и пред се, уште многу генерации на успешни млади кадри, пишува Хоџа.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close