Jack Daniels и World of Coffee произведоа безалкохолно кафе со арома на виски
Производителот на виски Jack Daniels во соработка со компанијата World of Coffee направија Jack Daniels Tennessee виски-кафе.
Во соопштението се вели дека производот е направен од средно печено кафе Арабика и Jack Daniels Old No. 7 вискито. Меѓутоа, иако во составот има виски сепак кафето е безалкохолно.
Преседателот и сопстневик на World of Cofee, за специјалното кафе кои го направија со Jack Daniels, истакна дека потенцијалните купувачите немаат причина да бидат скептични.
„Ние го користиме најдоброто кафе и највисокиот квалитет во светот, а сега на него му додадовме автентичен вкус и арома на Jack Daniels,” рече Чарли Њуман.
Jack Daniels Tennessee вики-кафе е достапно со и без кофеин по цена од 6,95 долари и 21,95 долари во зависност од количината. Моментално е достапно само во продавниците Lynchburg Hardware & General Store во Тенси или во Jack Daniels онлајн продавниците.