fbpx
Вести

Откупната цена на оризот пониска за 8 денари од минатата година

Производителите на ориз од селата Чашка, Еловец, Голозинци, Мелница и Лисиче се загрижени за пласманот на родот од годинашната жетва. Не само поради најавената ниска откупна цена, туку и поради тоа што компаниите кои години наназад откупуваа, најавија дека не се заинтересирани да го приберат родот од велешко, кој се очекува да тежи над 800 илјади килограми. Земјоделците велат дека Министерството и Владата одредиле годинашната откупна цена за килограм оризова арпа да биде 13 денари. Оваа цена според нив не само што е ниска туку е помала за 8 денари од минатогодишната откупна цена.

otkupnata cena na orizot poniska za 8 denari od inatata godina

 

„Очекувам род од 60 тони квалитетна оризова арпа. Незнам што ќе правам. Со откупна цена од 13 денари нема да можам да ги покријам ниту вложените средства за семенскиот материјал, сеидбата, хемикалиите за уништување на коровот , водарината . Минатата година имав 15 хектари. Поради истите проблеми годинава ориз посеав на десет хектари, а верувајте идната година, не само јас, туку и другите ќе го прекинат производството на оризот“, рече Тодор Петров , производител од селото Еловец.

Земјоделците велат дека минатата година со судни маки го продале родот по цена од 20 денари за килограм арпа. Поради ниската откупна цена протестираа заедно со оризарите од кочанско и штипско. Ветувањето од надлежните дека годинава ќе имаат повисока откупна цена не се оствари. Инаку, под ориз годинава во велешко има над 120 хектари. Земјоделците бараат Министерството за земјоделство да се ангажира да добијат повисока откупна цена, за да можат да ги покријат вложените трошоци и што е поважно, на нивите и идната година, оваа култура повторно да биде застапена.

Жетвата на оризот се очекува да почне од средината на овој месец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close