fbpx
Вести

Јајцата од „Наша фарма“ стасаа и до Дубаи: Жарко Василевски за успехот на семејниот бизнис

Веќе две години, во населбата Ѓорче Петров постои приказната за „Наша фарма“, која првично започнала како потреба за здрава храна на семејството Василевски. Основна дејност е производството на јајца од кокошка, но и од други видови птици. Василевски раскажува дека фармата постои од 2016 година, иако како домашна, „тајна фарма“ трае многу повеќе .

„Наша фарма“ се појави како потреба од здрава храна за моето семејство. По купувањето на еден плац почна сѐ. Вишокот производи го понудивме на интернет и почна ефектот на снежна топка. Растеа порачките“, рскажа за својот успех сопственикот, Жарко Василевски.

Неговото семејство и пред да започне со овој бизнис од секогаш сакало животни за кои вели дека со љубов ги чувале.

„ Производството на јајца од кокошка е доминантно но имаме и шатки , дукатки, мисирки, фазани, препелици. Дел од овие јајца исто ги нудиме на купувачите и интересот е огромен. Најважно од сѐ е храната да е природна, без хемикалии и произведена на еколошки и традиционален начин. Секако, тука огромно внимание посветуваме на благосостојбата на животните. Тие се среќни на фармата и сите уживаме во една биодинамика која не отскокнува од природните закони“, раскажува Василевски. Најважната девиза во неговиот семеен бизнис е дека со здравјето на луѓето не смеете да си играте. Жарко е најгорд на еколошкото производство без хемикалии и без додатоци.

Синовите на Жарко, Давид (8) и Михаил (4) најмногу уживаат на фармата 

„ Почнавме да се сертифицираме, но го прекиваме процесот и продолживме во традицинално еколошко призводство, исто без хемикалии и без никакви додатоци. Дури и размножувањето во голема мера ни е со квачки, природно. Рецептот за успех е:  „ Секогаш да го испорачате она што ќе го ветите на клиентите. Ние стоиме зад храната која ја нудиме. Ја произведуваме или учествуваме во голем дел од нејзиното производство“, открива сопственикот.

Муштериите, додава тој им се од цела Македонија, иако најмногу се концентрирани на Скопје.

„ Јајцата од Наша фарма стигнале и до Дубаи од каде што летово имавме и гости. Најчесто купуваат семејства со мали деца кои ги употребуваат во нивната исхрана. Но, сепак купува секој оној кој е свесен за важноста за правилната и здрава исхрана“, вели Жарко.

Семејството Василевски ужива во работата 

Органското или традиционално еколошко производство, според него има огромни потенцијали за развој во Македонија. „Имаме плодна почва во изобилство, која за наша среќа сѐ уште не е загадена во голем број региони. Сончеви денови исто така во огромен број во текот на целата година. Многубројните реки и потоци по планините, изворите во селата, па и системите за наводнување во низините овозможуваат одлични услови за развој на органско производство. Едноставно само треба тоа да се сака и треба да се работи. Пазарот, и овој локалниот, и регионалниот, а да не зборуваме за светскиот, е ненаситно гладен за ваква храна. Додека другите држави го дуплираат ваквото производство ние сѐ уште зборуваме за тоа дали е вредно да се инвестира во вакво производство или не?“, се прашува тој.

„ Очекуваме некакви странски инвестиции, кои врз нашата плодна почва ќе направат фабрики што ќе ја загадуваат истата таа почва и само ќе ни обезбедат просечни плати, наместо да станеме партнери со природата и да почнеме да работиме за себе. Во светот нема ништо повредно од чистата и здрава храна и вода. Ние го имаме тоа, но не ја сфаќаме неговата вредност. Конкретно, нема производ од кој има вишок на пазарот, а кој е органски произведен. Неговата повисока цена пак, овозможува и економска исплатливист да се занимавате со овој бизнис. Во „Наша фарма“ произведуваме кокошкини јајца за кои има голема побарувачка. Исто така чувствуваме дека многу се бара органскиот зеленчук како и млечните производи. Исто така, недостигаат овошје и јаткасти плодови. За месо и да не зборуваме. Доколку обезбедите и достава до дома тогаш нема зошто да не успеете. Само треба да сакате да работите. За нас од „Наша фарма“ е огромно задоволството затоа што работиме во согласност со природата и ете покажуваме како всушност треба да се развива еден вид хумана економија“, порачува сопствениот на фармата.

За крај, Василевски вели дека целото семејство работи со голем мерак и елен. Со живи суштества се работи исклучиво со љубов, почитување и грижа, инаку нема да се успее- е уште еден рецепт на Василевски. „Ако сте многу вредни и исполнителни а не забушанти и мрзливи, може пристојно да се живее од овој бизнис. Сепак, најголемото ужување во работата, се деновите кога ни се раѓаат, изведуваат малите пилиња и другите животини како мачиња , кутриња , зајачиња“, раскажа Жарко за фармата која и како атракција ја посетуваат семејства во летните и во пролетните денови.


 

zenskimagazin.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close