Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Јане Станкоски-До денес откупени 19.400 тони тутун по просечна цена од 287,4 денари
Дури 14.000 тони тутун годинава се цени како прва класа
Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат потврдува дека до денс се откупени 19.400 тони тутун по просечна цена од 287,4 денари по килограм.
Очекувањата се дека откупот на тутун ќе заврши до Нова година.
Вчера министерот за земјоделие Љупчо Николовски истакна дека најголемиот дел од откупениот тутун, односно околу 14 000 тони се прва класа.
„За прва класа на тутун, државата има подготвено 80 денари субвенција по килограм“, рече Николовски и истакна дека сите овие убави вести одат во прилог на исправноста на моделот за субвенционирање.
А.Б