fbpx
Без категорија

Јапонците ги бојат кравите како зебри, заради инсектите

Експериментот веќе дава резултати, при што обоените крави покажуваат помали знаци на стрес од необоените.

Земјоделците во префектурата Јамагата во Јапонија почнале да ги бојат кравите да личат на зебри за да ги спасат од инсектите и мувите што цицаат крв, пренесува fakulteti.mk

Експериментот веќе дава резултати, при што обоените крави покажуваат помали знаци на стрес од необоените.

Јапонското црно говедо е меѓу четирите раси говеда што се користат за висококвалитетното говедско вагу во земјата. Како и да е, оваа раса е примарна кога станува збор за мета на инсектите што цицаат крв, како што се мувите. Стресот предизвикан од овие инсекти е толку висок, што фармерите пријавиле пад на стапката на репродукција во овие стада. Затоа престанале да го пуштаат добитокот во обработливите земјишта, за да спречат стадото да биде нападнато од овие инсекти.

Но, сега профункционирало едноставно решение за бојадисување на добитокот со линии налик оние на зебра, а инцидентите со каснување се драстично намалени, според локалните извештаи.

Фармерите користеле боја за прскање или благо белило за да направат бели ленти на кравите давајќи им изглед на зебра. Овие напори траат повеќе од три години. Повеќе фармери ги усвоиле откако забележале видливи подобрувања во условите за стоката.

На пример, локални научници вработени во префектурата го набљудувале обоениот и необоениот добиток на обработливите површини и забележале однесување како што се мавтање со опашките, тресење на главата или удирање со копитата за да се отстранат мувите од нивните тела. Додека било откриено дека необоениот добиток го покажува ова однесување до 16 пати во минута, кај обоениот добиток бројките паднале на само пет. Трикот сега се споделува со другите фармери, кои почнале да го прифаќаат овој евтин пристап.

Извор: Interesting engineering

Фото: Freepik

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close