fbpx
Вести

Јавен повик 01/2017 за доставување на барања за користење на средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (2014-2020- ИПАРД II)

 

javen povik 01 2017 za dostavuvanje na baranja za koristenje na sredstva od instrumentot za pretpristapna pomosh za ruralen razvoj na evropskata unija 2014 2020 ipard 2

Претходна најава за објавување на Јавен повик 01/2017 за доставување на барања за користење на средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (2014-2020- ИПАРД II)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во месец јануари 2017 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година)

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехрамбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот,како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 ( Службен весник на РМ бр.177/16) во врска со спроведување на овој Јавен повик од јануари 2017 година се наменети за следните мерки:

Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи, Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно скпучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од Програмата ИПАРД 2014-2020 (Службен весник на РМ бр.64/16)

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Телефон: 02 3097-460 Факс: 02 3097-454

e-mail aflpeca:ipardpa.info@ipardpa.gov.mk www.pa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Сектор за управување со ИПАРД

Телефон: 02 3134-477

лок: 113,114 и 115

e-mail адреса: info@ipard.gov.mk

www.ipard.gov.mk

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството Телефон: 047 228-330 Факс: 047 228-370

www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции).

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. Es muy difícil leer los correos electrónicos de otras personas en la computadora sin conocer la contraseña. Pero a pesar de que Gmail tiene alta seguridad, la gente sabe cómo piratear secretamente una cuenta de Gmail. Compartiremos algunos artículos sobre cómo descifrar Gmail, piratear cualquier cuenta de Gmail en secreto sin saber una palabra.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close