ЈАВЕН ПОВИК: Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

Ј А В Е Н   П О В И К б р . 0 6 / 2 0 1 8

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Мерка 131
Економско здружување на земјоделски стопанства за
заедничко вршење на земјоделска дејност

Висина на поддршка 1.000.000 денари

131.1 Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при
МЗШВ

131.2 Помош за премии за осигурање во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70% од трошокот за осигурање на производните капацитети на земјоделската задруга од мал обем и 80% за осигурање на производните капацитети на земјоделската задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000 денари на годишно ниво

131.3 Инвестиции за набавка на земјоделска механизација во висина од 90% од вкупната вредност на инвестицијата

131.4 Инвестиции за примена на заеднички производни практики за усогласување на стандардите за квалитетот на земјоделските производи или за производство на земјоделски производи со повисок квалитет

131.5 Организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи

Право на користење на средства имаат следните субјекти:
Земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделски задруги

 

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.
Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за сите потточки вкупно изнесува до 1.000.000 денари годишно.
Финансиската поддршка се доделува во износ од 100% од вкупно прифатливите трошоци.
Финансиската поддршка за плата за управител на земјоделска задруга која согласно со пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид во висина од 100% во првата година, од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.
Финансиската поддршка за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година (за земјоделските задруги од голем обем).

Поддршката од под-мерката 131.3 – инвестиции за набавка на земјоделска механизација се доделува во висина од 90% од вкупната вредност на прифатливи трошоци за инвестицијата.
Поддршката од под-мерката 131.5 за организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи, се доделува во износ од 100% од вкупно прифатливите трошоци за спроведување на предвидените активности во програмата за работа на земјоделската задруга и може да се додели на две рати.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.

 

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за користење/исплата на средства за мерка 131 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик, во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознака “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик број 06/2018 и назначување на шифрата на мерката/под-мерка за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за затурање или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата за користење на средства за подмерките 131.3 и 131.4 е 21.10.2018 година.
Крајниот рок за доставување на барањата за користење на средства за подмерките 131.1, 131.2 и 131.5 е 31.12.2018 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

Јавен повик 06-2018

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/_docs/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%2006-2018.pdf

Share Button