fbpx
Вести

Зошто балите завиткани во фолија се најдобро решение?

Мувла во ваквите бали не се појавува. Поради високата збиеност на храната во пресата, нема заостанат на кислород. На пазарот постојат разни видови фолија од таканаречен „девствен“ материјал, различа дебелина, висина и должина. Фолиите се многу еластични и што е најбитно, може да се рециклираат и потоа да се употребат за омотување на палети и слично.

Поради недостаток на свежа храна во зима, сточарите на лето припремаат тревна маса за поладните денови. Земјоделците долги години со балирки подготвуваа мали четвртасти бали сено, кои потоа со приколици би ги пренесувале во стовариштата. Таквиот систем полека се напушта и се преминува на веќе втемелена технологија на западните фарми – валови бали омотани со фолија.

„На округли бали преминавме бидејќи немавме повеќе работна сила. До 15.000 мали бали пакувавме во сезона, но веќе немавме кој да помогне при собирањето. Со округлите бали започнавме пред 7 години, а последните две користиме фолија. Бев задоволен со округлите бали и додека не преминавме на фолијата бидејќи детелината не се цепка, малата преса сече сè, сега сè завиваме во фолија и секое ливче си стои, и со сеното и со детелината“, раскажува Рајко Лучиќ од Орашец.

 

Бали замотани во фолија најдобри за помали стопанственици

 

Постојат повеќе роло-балирки и замотувачи на валови бали во мрежа или фолија, достапни на нашиот пазар, а нивната примена на нашите ниви е се почеста. Се препорачува земјоделците два часа после балирањето, да ги замотаат балите во фолија, бидејќи постои можност после тоа балите да се деформираат и во нив да започне процес на ферментација, кој може да наштети на силажата. Штом се омота во фолија, балата ферментира во свои сокови, без присуство на воздух, така може да стои долго, а кога ќе се отвори зелената маса да мириса свежо. Технологијата на припрема на бали завиени во фолија, најдобра е за помалите стопанства, кои годишно произведуваат до 500 бали.

 

„До сега избалиравме околу 180 бали сено, а ќе има уште 70-80 бали слама. Со нив храниме 16 крави и телиња и 25 овци. Мувла нема, велат дека треба да биде 70% сирова маса, 30% сува, бидејќи не е добро да има повисок процент сирова“, појаснува Лучиќ.

 

Бали без мувла, а фолиите може да се употребуваат и подоцна

Мувла во ваквите бали не се појавува. Поради високата збиеност на храната во преса нема заостанат кислород. На пазарот постојат разни видови фолија од таканаречен „девствен“ материјал; различа дебелина, висина и должина. Фолиите се многу еластични и што е најбитно, може да се рециклираат и потоа да се употребат за омотување на палети и слично.

„Машината за замотување треба да направи 16 круга, осум од едната страна и осум од другата, за балата да биде завиена 100 проценти. Завиваме сено и детелина, а сламата може да се завие и да се остави надвор, бидејќи е сува не мора да завива во многу слоеви. Претходно сум употребувал и други фолии, кои не се отпорни на висока температураа и пукаа, додека овие кои сега ги користам се отпорни на сонце и голдари, а токму такви ми се потребни“ објаснува Рајко.

Балите со фолија може да се чуваат дури и на отворено

Со оглед на тоа што сè прават машините, нема потреба од работна сила, а складирањето и транспортот се многу лесни. Вака подготвената зимска храна може да се чува било каде, а Лучиќ балите без фолија ги чуваат во покриено стовариште, додека оние со фолија, без страв од временските неприлики и глодарите, на отворено.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close