fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и потопло, попладне услови за краткотраен пороен дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени Целзиусови.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и уште потопло, а во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе биде нестабилно, на места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локален дожд ќе има и во сабота.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close