
Пеколна ноќ на Пелистер, пожарот локализиран, двајца повредени
Фото - како се уништува планината
ПЕКОЛНА НОЌ НА ПЕЛИСТЕР – ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ – ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН! ЕВЕ КАКО СЕ УНИШТУВА ПЛАНИНАТА, ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ОД ТЕРЕН!”После пеколната ноќ на терен во која дејствуваа екипите на НП Пелистер, ППТЕ Битола, ДПД Архангел и механизацијата на Јавните претпријатија од Битола пожарот е целосно локализиран. Опасноста за негово понатамошно активирање и ширење и понатаму е голема и во голема мера зависи од временските услови. Во текот на ноќта повредени се двајца припадници на единиците кои дејствуваа на терен и нивната здравствена состојба е стабилна. Единиците продолжуваат да дејствуваат на терен со поддршка на армиски хелихоптер. Подоцна се очекува да пристигнат ДПД Кочани и двата ЕР трактори”, изјави за директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски.





