Јавен повик за пријавување штети во земјоделството

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Општина Ресен објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските насади предизвикани од ниските температури во периодот од 21 до 23 и на 27 април кои го зафатија регионот.

resen-jabolki

– Општина Ресен ги повикува граѓаните кои сметаат дека ниските температури што ја зафатија општината во периодот од 21-ви до 23-ти и на 27 април и им нанесоа материјална штета на земјоделските насади да пријават во просториите на Општината, соопшти општинската прес-служба.

Граѓаните пријавата може да добијат во општина Ресен или на веб страницата www.resen.gov.mk. Со пријавата потребно е да се достави и копија од имотен лист или од договор за закуп, доколку имотниот лист не е на име на барателот, како и копии од лична карта и од трансакциска сметка.

Штетите може да се пријавуваат секој работен ден од 10 до 15 часот до 25 мај.