fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Јове Кекеновски станува директор на Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола

Јове Кекеновски, некогашниот лидер на згаснатиот Фронт за демократска Македонија, станува еден од петте директори на Управниот одбор на најголемиот земјоделски комбинат Пелагонија АД Битола.

Јове Кекеновски, некогашниот лидер на згаснатиот Фронт за демократска Македонија, станува еден од петте директори на Управниот одбор на најголемиот земјоделски комбинат Пелагонија АД Битола.

На следната седница на собранието на акционери што ќе се одржи на 11 август, предвидена е точка на која треба да се разреши Салаудин Арифи, а Кекеновски да се назначи за нов неизвршен и независен член на Одборот на директори.

 

„За неизвршен и независен член на Одборот на директори на Земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола СЕ ИЗБИРА И НАЗНАЧУВА:  Јове Кекеновски од Скопје, дипломиран правник, доктор на политички науки, државјанин на Р.С.Македонијa“, стои во една од предлог-одлуките што како најава се доставени до „Македонска берза“, објави Фактор.мк.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close