fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

К-15 годинава ќе добијат сите, едни 11.000, а други 16.800 денари!

За приватниот сектор, К-15 изнесува 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, односно 16.800 денари

Над 84 илјади вработени во администрацијата ќе добијат по 11 илјади денари К-15. Додека, пак, за вработените во приватниот сектор, К-15 годинава ќе биде минимум 16.800 денари, односно 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци. Исплатата треба да се изврши до крајот на годината, а поголем дел од работодавците во приватниот сектор веќе го исплатија регресот за годишен одмор, кој законски може да почне да се исплаќа од мај.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека до крајот на декември сите работници треба да добијат регрес за годишен одмор, под услов да работеле најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. К-15 им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

– К-15 годинава ќе добијат сите, и работниците во приватниот и во јавниот сектор. Со тоа што износот за работниците во јавниот сектор изнесува 30 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, односно како што е договорено во Владата, ќе изнесува 11.000 илјади денари. За приватниот сектор, К-15 изнесува 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, односно 16.800 денари. Со тоа што за оние работодавци што сè уште не исплатиле К-15, тој може да се зголеми доколку се зголеми просечната плата последните месеци над 42 илјади денари – објасни за весникот ВЕЧЕР Иван Пешевски од ССМ.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close