fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

К-15 ќе добијат вработените во државната управа и судовите, нема да има за здравство, образование, полиција и одбрана

Со ребалансот на буџетот предвидени се речиси 4 милиони евра за исплата на К-15 за административците

Со ребалансот на буџетот предвидени се речиси 4 милиони евра за исплата на К-15 за административците, но тоа е доволно за околу 27 илјади членови на Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, во кој членуваат вработените во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, центрите за социјална работа, јавните установи формирани од Владата и во други органи основани од Собранието, да добијат по околу 150 евра.

Синдикатот на УПОЗ потпиша грански колективен договор со Владата во февруари 2020 година, со кој е предвидена и исплата на регрес за годишен одмор. Минатата година не беше исплатен К-15 поради пандемијата на коронавирус, но за оваа година премиерот Зоран Заев на завчерашната прес-конференција за ребалансот на буџетот кажа дека мора да го исплатат за да не се соочат со тужби.

Но, нема да има К-15 за останатите вработени во јавниот сектор, оние во образование, здравство, полиција и одбрана и јавните претпријатија формирани од единиците на локалната самоуправа, бидејќи тие имаат посебни синдикати и не се опфатени во овој колективен договор. Во јавниот сектор се вработени 132 илјади лица.

За разлика од вработените во образование, здравство, полиција, одбрана и во комуналните претпријатија, голем дел од вработените во државната администрација не одеа на работа или работеа во смени за време на пандемијата.

Поголемиот дел од државните институции веќе работат во полн состав и полно работно време, а дека е време сите административци да се вратат на работа смета и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, но со напомена дека не треба да се брза и идејата му е тие да ги користат годишните одмори за да не се вратат сите одеднаш.https://sdk.mk/index.php/naslovna/k-15-ke-dobijat-vrabotenite-vo-drzhavnata-uprava-i-sudovite-nema-da-ima-za-zdravstvo-obrazovanie-politsija-i-odbrana/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close