fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кафето поскапе за околу 20%

Старите залихи на кафе се причина за пониски цени во некои маркети

Цената на сировото кафе во светот достигна највисоко ниво досега на берзите, што предизвика производителите да мораат да ги приспособат цените на своите производи за да бидат во чекор со драстичното зголемување на трошоците.

Зголемувањето на цените на кафето не е резултат на желбата на производителите да профитираат на сметка на потрошувачите, туку повеќе е неизбежна последица на глобалните економски и климатски фактори.

По социјалните мрежи се пренесуваат информации за драстични разлики во цени на кафето од маркет до маркет. Со цел да провериме каква е реалната ситуација го контактиравме македонскиот производител Рио Кафе. Од таму не информираа дека и самите забележале одредени разлики во цените на Bravo Premium во различни маркети, но причината за тоа е што некои маркети сè уште располагаат со стари залихи, додека други веќе продаваат нови количини по новата цена, која е покачена за 20%. Ова е резултат на природниот пазарен процес, и тоа многу брзо ќе се нивелира, а потрошувачите да не подлегнуваат на манипулација или дезинформации.

Од таму нагласуваат дека во оваа ситуација квалитетот на кафето останува нивен приоритет бидејќи сакаат да ја задржат довербата на потрошувачите и да им обезбедат кафе кое ги задоволува стандардите на кои се навикнати.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close