Кај Пробиштип ќе се гради фабрика за канабис и козметички производи
Станува збор за англиска компанија за производство на канабис, но и прва лабараторија за производство на редица козметички продукти на база на канабис
Почнаа подготвителните градежни работи за изградба на нова фабрика во индустриската зона „Неокази“ во Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информира дека веднаш по леарницата „Краунфилд Фаундри“ ќе се графи фабрика за производство на канабис и козметички производи, во која на почеток е предвидено да се вработат 100 лица. Во наредните 4 години странската компанија треба да вложи 20 до 25 милиони евра, а вкупниот број вработени да биде од 250 д0 300.
-Станува збор за англиска компанија за производство на канабис, но и прва лабараторија за производство на редица козметички продукти на база на канабис – вели Анастасов.
Тој додава дека компанијата планира наредната година да вложи пет милиони евра, која ќе биде првата фаза од проектот за изградба на фабрика за растење и обработка на канабис цвет.
Фабриката во Пробиштип ја гради „Чилам“, истакнат светски бренд во производството на канабис зад кого стојат англиски и американски капитал, а во првата фаза ќе се инвестираат пет милиони евра. Анастасов вели дека во наредните три до пет години, инвестицијата ќе се заокружи со комплетно оспособување на лабораторијата и од фабриката во Пробиштип, ќе се извезуваат крајни продукти од канабис за фармацевтската и козметичка индустрија.
извор: Плусинфо.мк