fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Какаото го подобрува помнењето

Какаото содржи биоактивна состојка која го враќа памтењето кое се губи со годините

Американско истражување покажало дека какаото содржи биоактивна состојка која го враќа паметењето кое се губи со годините.

Научниците од медицинскиот центар на Колумбискиот универзитет вршеле истражување врз група од 37 здрави доброволци на возраст од 50 до 69 години, кои биле поделени во две групи. Секој ден во текот на три месеци на нив им бил подготвуван напиток од какао, кое не постои во комерцијална продажба.

Едната група конзумирала пијалок со 900 милиграми флавоноид дневно, а другата само десет милиграми.

Ако учесниците на почетокот на истражувањето имале паметење на просечен 60-годишник, по три месеци нивното паметење било 30-40 години помладо, изјавил истражувачот, Скот Смол.

Во експериментот е набљудуван дел од мозокот, кој е одговорен за формирање на сеќавањата и кој е чувствителен на годините. Со тоа научниците морале да го снимаат мозокот и да го мерат количеството на крв кое доаѓа до мозокот.

За да ја покажат разликата во паметењето, учесниците морале да поминат посебен тест на паметење – 20-минутна шема на препознавање.

Флавоноиди има во чоколадото, но многу помало количество во однос на она кое им е дадено на учесниците во експериментот.

Освен во какаото и чоколадото, флавоноиди има и во некои чаеви, овошје и зеленчук, грозје, јаболка, боровници. Освен на паметењето, флавоноидите влијаат и врз здравјето на срцето и спречуваат срцев удар.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close