fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Kако да се постапува со домашните миленичиња во состојба на корона вирусот

Во услови на актуелна пандемија со вирусот на COVID – 19, со цел подробно да ги информираме сопствениците на домашни миленици, разбивајќи ги истовремено сите митови и лажни информаци и при непостоење докази дека домашните миленици може да заболат или да ја шират болеста, во согласност со официјалните информации достапни во овој момент од WSAVA (Светската ветеринарна асоцијација за мали животни), Научниот комитет и Комитетот за „Едно здравје“ на WSAVA им препорачува на сопствениците:

  • да ги чуваат своите домашни миленици со нив доколку се во самоизолација, или карантин
  • да одржуваат добри хигиенски практики, вклучително и миење на рацете при контакт со нивните миленици
  • да организираат грижа за било какви домашни миленици што останале во домаќинството или кај пријатели кои треба да бидат хоспитализирани
  • веднаш да контактираат со нивниот ветеринар доколку имаат прашања, или проблеми.

ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ КОИ ИМААТ ДИЈАГНОСТИЦИРАНО ЗАБОЛУВАЊЕ COVID-19,НАУЧНИОТ ТИМ НА WSAVA ПРЕДЛАГА:

Ограничете го контактот со вашите домашни миленици како мерка на претпазливост за здравјето на животните, сè додека не се дознаат повеќе информации за вирусот (вклучувајќи и допир на неговата храна, бакнување со домашниот миленик, да не се дозволува лижење, споделување на храна).

  • Кога е можно, ангажирајте друг член од вашето семејство да се грижи за вашите животни додека сте болни.
  • Ако вашето домашно милениче бара некаква грижа, а нема друг кој би се ангажирал наместо вас, измијте ги рацете пред и после каква било интеракција со нив и ако е можно носете маска за лице.
  • Чувајте ги мачките во своите домови (затворен простор), ако е можно.
  • Обидете се да договорите некој друг да ги вежба (шета) вашите кучиња, внимавајќи лицето што ги шета да го ограничи секој контакт со вашето куче и бидете сигурни дека практикува добра хигиенска пракса.

Ова е заради намалување на веројатноста вашето домашно милениче да ја шири болеста преку загадената животната средина-преку нивното крзно (иако досега не е докажано дека постои случај на пренос на вирусот од куче на човек).

  • Ако вашето домашно милениче покажува некакви клинички знаци, Ве молиме, првин информирајте се телефонски кај вашиот ветеринар, не носете го непотребно во амбуланта.
  • Ако вашето домашно милениче бара итен третман, повикајте го вашиот ветеринар за понатамошен совет.
  • Не го носете вашето домашно милениче на хируршки третман, освен ако вашиот ветеринар не ве упати.
  • Можеби ќе треба да договорите некој друг да го транспортира вашето домашно милениче на лекување.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close