Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство на Р.Македонија, во соработка со Битолската млекара – Bimilk, консултантот од Република Турција Професор Др. Армаган Хаирли (Prof. Dr. Armagan Hayirli) и компанијата Грин агро кoja е една од првите компании на пазарот за крмни смески и компоненти, беа во посета на две сточарски фарми и тоа во с.Чарлија на фармата ДООЕЛ Агро Дима чиј капацитет е 110 грла говеда и во с.Могила на фармата Мрмач ДООЕЛ чиј капацитет е 105 грла говеда, каде се изврши презентација на работата на апаратот Аурора НИР (Aurora NIR).
Апаратот овозможува брза и точна анализа за пченкина силажа, луцеркино сено, ТМР (total mixed ration) и друга сточна храна.
Со апаратот се извршија мерења на силажата, луцеркино сено и концентратот кои беа затекнати на фармите и врз основа на добиените резултати се изготви дажба за исхрана на говедата по категории од страна на Професор Др. Армаган Хаирли.
извор: АПРЗ