fbpx
ВестиТоп вести

Како на природен начин да го опоравите зеленчукот, после дождот?

Гладен, без можност за напредување. Таков останува зеленчукот после силниот дожд кој ги испира хранливите материи од земјиштето. Затоа, потребно е да го зајакнете зеленчукот, по пат на добро нахранување.

Премногу ниската температура за овој период од годината, температурните осцилации, премногу дождови – се ова има негативно влијание на зеленчукот. Се појавуваат разни болести, опаѓање на листовите и цветовите, појава на штетници и инсекти.

Во секој случај, ова е тешка година за градинарството. Овогодишните насади бараат многу нега. Со упорност можете да ги надмините сите проблеми кои ќе се појават.

Кога станува збор за доматите, тиквичките, краставицата, прво треба да ги отстраните пожолтените лисја, а потоа да извршите третирање.

После дождот, потребно е зеленчукот да го заливате со растително ѓубриво или да вршите фолијарна прихрана (преку листот). Ако немате растителни препарати, околу растението додадете две до три шаки органско ѓубриво и залијте со вода или шака ѓубриво во пелети.

За да се спречи развој на некои болести, како што е пламеницата, доматите, краставиците, тиквичките, но и пиперките и другиот плодоносен зеленчук потребно е да го испрскате со препарат од млеко или од црвен или бел лук.

Во врска со млекото, потребен е однос 1:10 (еден дел млеко, десет делови вода), лажица сода бикарбона (на литар течност), малку масло за јадење и две капки еко детергент за садови. Добро измешајте и прскајте ги растенијата после дождот.

Белиот и црвениот лук се вистински заштитници на растенијата кои ги одгледуваме. Од нив, може да се подготват различни препарати кои се покажале многу ефикасни во борба против штетниците и предизвикувачите на болести. Постојат различни начини на подготовка на овие препарати.

Биостимулаторите се користат за брзо заздравување на раните. Во случај кога бавчата ја оштетил град, или некое силно невреме, неопходни се биостимулатори на растот. Растенијата третирани со биостимулатори имаат јак и брз пораст, подобар имунитет (им се зголемува отпорноста на болести, штетници и стрес предизвикан од временските неприлики), се зголемува приносот, плодовите се поквалитетни, а растенијата подобро се вкоренуваат, подобро го поднесуваат пресадувањето.

За таа цел, можете да користите коприва, мед, алое вера.

Повеќе внимание посветете и на вашата градина деновиве. Сега и сте навистина потребни, а таа ќе ви врати повеќекратно.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close